Струмичката агенција за обезбедување изминативе 2 години земала тендери на сметка на граѓаните во висина од над 21 милион евра. Покачувањето на цената на електричната енергија е резултат на високите тендери кои ги добива струмичката агенција за обезбедување од универзалниот снабдувач за електрична енергија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Истото се случува со народните пари кои ги добиваат преку тендерите од општините кои се под водство на СДСМ, СОЗР и останатите институции кои ги води СДСМ.
Изминативе неколку денови јавно обзнанивме 10тина тендери кои ги земала оваа струмичка агенција за обезбедување и на сите повеќе и од јасно им е дека се несразмерни во однос на сумите и она коешто го вршеле како услуги.
Гледајќи ги тендерите сериозно мириса и остава сомнеж дека се испумпани пари преку овие тендери и оваа агенција на конто на семејството Заеви, а сето тоа на трошок и грб на граѓаните кои ги плаќаат овие пари.
Оттука сакаме јавно да повикаме до институциите, кои се под водство на СДСМ и кои ги имаат канџите на СДСМ врз нив, кои сепак се нивни соучесници, да се одважат, да се отргнат од нив и да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување пари.
Над 21 милион евра пари на граѓаните се испумпани од институции и универзалниот снабдувач, граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија и граѓаните тонат во сиромаштија.
Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, регулаторните комисии, сите молчат и со месеци ги нема да застанат очи во очи на криминалот, практично на еден начин се соучесници.
Повикуваме уште еднаш, да отворат случај за сите сомнежи за криминал и испумпани пари, бидејќи се работи за парите на граѓаните.
Во спротивно, сите овие институции и нивни функционери се соучесници во целиот овој криминал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.