Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Арсовски: Ќе одиме на лидерска средба само ако се разговара за предвремени парламентарни избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimce

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресс конференција одговараше на новинарски прашања. На прашањето Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати лидерската средба? Арсовски вели:

            Одговор: Во однос на лидерската средба веќе и претседателот  Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности.

— реклама —

            Прашање: темите кои ги предлага Заев се, Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик и Пописот. Какви се ставовите на вашата партија во однос на ова, имате ли некој конкретни предлози што би требал да биде направено?

— реклама —

            Одговор: Видете, штотуку ви го кажав во одговорот на првото прашање за  конкретниот предлог за  лидерската средба дека најпрво на таа лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа може да се разговара за се останато. Значи прва и единствена точка на разговор треба да биде предвремени парламентарни избори.

— реклама —

Прашање: Одговор на прашање од колешка е очигледно дека нема расположение кај него за предвремени парламентарни избори?

            Одговор: Кај Зоран Заев и во неговото денешно обраќање се виде дека нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажа дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори. Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори, од проста причина како што знаете целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии инт. Така што, единствен во моментот кој што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди денеска уште еднаш тоа.

 

           

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања