Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Арсовски: Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше по 46 денари за литар, додека сега по цена од 62,5 денари за литар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
arsovski-goriva

Граѓаните во Република Македонија се повеќе осиромашуваат откако СДСМ е на власт. Горивата достигнуваат највисоки цени, а власта не се откажува од зголемувањето на акцизата од 3.5 денари за дизел дериватите. Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше на бензиските пумпи по 46 денари за литар, додека пак сега истиот се продава по цена од 62,5 денари за литар, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото покачување доаѓа во почетокот на пролетниот период, кога граѓаните имаат зголемена потрошувачкка на горива, како за земјоделските работи, така и за градежни активности, патување и ред други активности.

— реклама —

Заев и Пендаровски не водат сметка за граѓаните, тие се водат по максимата на Мира Дизел, која зема по 20 илјади евра за патни трошоци и се исмејува со граѓаните дека сиромашните всушност и не возат.

Не запира ни расипништвото на власта. Во ек на избор, на само пет дена пред денот на гласање, власта не задолжува сите нас за нови 39 милиони евра.

— реклама —

Овие пари се потенцијална сума за поткуп на гласачи.

Целото задолжување на СДСМ во изминативе две години кое изнесува над половина милијарда евра е нерационално и неоправдано, но и неосновано. Граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, за пет, десет години од сега ќе треба да ги враќаат некој идни генерации соогромни камати, а притоа од потрошените пари не им е оставено ништо, ама баш ништо во наследство на тие идни генерации кои што ќе треба да ги раздолжуваат долговите кои што во моментов ги прави СДСМ.

Заев и Пендаровски мора да одговараат за ова расипништво. Власта мора да каже каде се потрошени парите на граѓаните, што е направено со нив или пак да кажеле во чии џебови завршиле овие пари.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го испита случајот со задолжување на владата во ек на изборна кампања, како и внимателно да го следи процесот на располагање со парите од истото задолжување.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека целиот процес го набљудуваме и ќе го набљудуваме со големо внимание и верувајте дека одговорност за секое незаконско делување ќе има.

Додека пак граѓаните нема да го сменат мислењето дека СДСМ треба да си оди од власта и дека СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски на овие избори ќе изгубат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања