Арсовски: Кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени во време на полициски час и што превезувале во тие пет патнички возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Arsovski-15.03

МВР цел ден молчи за петте патнички возила што поминале ноќеска на граничниот премин Деве Баир, во време на полициски час, кога преминот на граница е забранет за возила. Според службената белешка што ја објавија медиумите јасно се гледа дека во еден часот по полноќ поминале пет патнички возила и тоа по насока лично на Зоран Заев. Тука има неколку дилеми и одговори кои треба да ги даде Зоран Заев и Владата, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Арсовски додава:

Со кое право и ингиренции Заев лично се јавува да се пропуштат патнички возила на граница во време на полициски час? Кај кого интервенирал Заев и кој е тој службеник што ги прескокнал работните протоколи и го послушал премиерот кој не смее да издава вакви наредба, како што и не смее вработениот на граница да прима вакви наредби од премиер.

Што превезувале тие пет патнички возила и кои се луѓето за кои Зоран Заев лично ургирал да бидат пропуштени ноќеска? Дали ова е уште еден потенцијален шверц, кој се обидува да го одмолчи и сокрие МВР?

Заташкувањето на ваков случај е само потврда дека власта се обидува да сокрие нешто, а лично за тоа е одговорен Зоран Заев. Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власта.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања