„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Арсовски: На Владата на СДСМ приоритет и е КАНАБИС МАФИЈАТА, наместо здравјето на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Arsovski-Dimce

Пет дена Заеви молчат за скандалозното доделување на лиценци за одгледување марихуана при прогласена вонредна состојба во Република Македонија. Ова е најголемата канабис мафија која што може да ја има и да ја поседува една држава, истакна Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Филипче под палката на Заеви додели 2 лиценци на фирми во кои менаџмент и сопственици се синот на осуденикот за шверц и другар на Заеви - Боро Стојчев односно Боро Малборо, името на синот на Боро Стојчев е Перо Стојчев, како и останатиот дел на менаџментот односно сопствеништвото синот на Претседателот на Ново Село СДСМ, Христијан Котев и неговата тетка Славица Котева.

Пет дена молчење впрочем ги објаснува постапките на СДСМ и на Заеви. Тоа значи дека се фатени живи во скандалозна одлука која се однесува на сериозна корумпираност на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба при пандемија на корона зараза.

— реклама —

Во време на вонредна состојба кога граѓаните се исплашени за своето здравје и економската криза и мака мачат со целата криза, Заеви и Филипче си делат лиценци за марихуана на свои блиски луѓе и мислат единствено на бизнис и заработка.

Ова е веќе втора фирма и лиценца за марихуана во семејството Стојчеви, кај Боро Стојчев претходниот градоначалник на Ново Село, покрај фирмата ЦМД Медплант за која што обзнанивме претходно дека доби лиценца.

Очигледно или Боро Стојчев многу ги има задолжени семејството Заеви за да го прават ова во вонредна состојба или пак и Заеви имаат некоја поврзаност со овие фирми. За ова сепак треба да одговорат од СДСМ, наместо да молчат 5 дена за овој скандал.

Канабис мафијата е приоритет на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба. Секоја една Влада во светов во моментов мисли единствено на здравјето на своите граѓани, само Владата на СДСМ, Филипче и Заеви приоритет и е доделување лиценци за одгледување марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви.

Уште еднаш ги повикуваме институциите, ДКСК, Уставен Суд, ЈО, да ја преиспитаат оваа одлука донесе на Владата за доделување на лиценци за одгледување на марихуана во период кога е прогласена вонредна состојба.

Како што рековме во СДСМ воопшто не е приоритет здравјето на граѓаните, туку приоритет е да цвета бизнисот на канабис мафијата.

За сите криминални и коруптивни одлуки на Владата на СДСМ, Филипче и Заеви мора да има одговорност. Одговорност ќе следи веднаш штом дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања