Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Арсовски: Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-3

По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева и збунетите реакции на Кацарска судот и Русковска обвинителството како да не знаат што се случува, очигледно е дека сето она што го видовме вчера е само театар и претходно смислено сценарио.  Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и  срамно и смешно. Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека има вмешаност на политичари, па најпосле се испостави дека навистина се вршел Рекет и во истиот биле вмешани и политичари и СЈО и се останато и случајно сите ги изгубија мобилните телефоните.

— реклама —

Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази кои што се неопходни за постапката.

Зоран Заев најпрвин на лидерска средба пред неколку месеци најави дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа тврдеше дека се лажги со опашки.

— реклама —

Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи каде што театрално глумат и се караат Русковска и Апелација, па ќе се пријавуваат во полиција каде што министерот е најблизок на Зоран Заев и во спрега со ова обвинителството, за на крај да Зоран Заев тврди дека е потребно ветинг по негова мерка.

Почитувани,

Истрагата се водеше и продолжува да се води аматерски и заштитнички кон криминалот. Се што се прави е пазарења и обид да се спаси главата на октоподот, а тоа сите знаеме дека се наоѓа на Илинденска бб во владата. Стравот да не пропее Катица Јанева или другите обвинети е резултат на сето ова што се случува каде што се исполнуваат нечии желби.

— реклама —

Смешно и жално е ова што се случува во правосудството.

Затоа потребна е обнова на Македонија, потребно е обновено правосудство а тоа ќе започне после 12 април, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања