Арсовски: Николовски се фали за запленети 30 кг путер, а молчи за шверц на 5 шлепери тутун на негови блиски пријатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
arsovski14032021

Љупчо Николовски и Зоран Заев молчат за шверцуваните 5 камиони тутун, а се фалат со запленети 30 килограми путер со поминат рок. Граѓаните веќе се свесни, оваа Влада е веќе со поминат рок и ќе заврши онаму каде што и е место, на политичкото буниште, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Арсовски додаде:

— реклама —

Додека се фалат за запленети 30 килограми путер, цела Влада на чело со Љупчо Николовски молчи за 5те шлепери шверцуван тутун преку фирмата Студенац Шпед, која е на негов близок пријател.

Јовевски, Русковска, Антикорупциска, МВР, сите молчат и се соучесници на сторениот криминал за кој има потврда дека се случил шверц на тутун и од Царинската управа.

Во години кога тутунарите се најоштетени земјоделци во државава, нема откуп, немаат субвенции и секојдневно протестираат за нивната мака, Љупчо Николовски молчи за шверц на 5 камиони тутун и згора на се, се фали со запленети 30 внимавајте килограми путер, а ги штити неговите пријатели кои што шверцуваат.

Настрана од путерот кој им е единствено за мачкање очи на народот, оваа Влада на СДСМ е со поминат рок.

Одговорност за целиот криминал мора да има и ќе има. Ниту едно кривично дело нема да остане неказнето, истакна Арсовски.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања