Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Арсовски обелодени уште еден спорен процес за концесијата за 3 хидроцентрали на Анѓушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
arsovski-pred-antikorupcika

Ја поздравуваме одлуката на антикорупционерите за отворањето на повеќе случаи со сомнеж и основ за корупција во владата на СДСМ и укажуваме дека ќе ги следиме нивните истраги и каде треба дополнително ќе сугерираме за целосно расчистување на истите случаеви, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска сакаме да нотираме уште еден спорен процес за концесијата за 3 хидроцентрали на вицепремиерот на владата на СДСМ Кочо Анѓушев.

— реклама —

Имено да потсетиме дека Кочо Анѓушев ја поседува фирмата МХЕ Тополки преку фирмата Фероинвест, а управител на истата е неговиот брат Тодор Анѓушев.

МХЕ Тополки добила концесија од Владата за изградба на 3 хидроцентрали кои требало да ги изградат во рок од 3 години согласно член 68 од договорот за концесија кој што бил потпишан.

— реклама —

Со нов анекс договор, потпишан од актуелниот министер на Заев во Владата, Садула Дураку, на вицепремиерот Кочо Анѓушев му се продолжува рокот за изградба за уште околу 2 години заклучно крајот на 2019 година бидејќи во првите 3 години нема ништо изградено.

Не би било ништо тука спорно, освен ако не е уредено во првичниот договор кој го потпишала фирмата МХЕ Тополки со Владата каде што во член 68 пишува дека доколку не се изградат хидроцентралите во рок од 3 години, договорот се раскинува.

Во овој случај сомнежот е дека Кочо Анѓушев влијаел кај својот колега Садула Дураку да му го продолжи рокот за изградба на околу 5 години. Значи од 3 години се продолжува уште за година и 7,8 месеци скоро 5 години.

Од она што може да се забележи во моментов, се уште ништо не е изградено согласно договорот за концесија. Па така ги повикуваме антикорупционерите да го истражат и овој спорен процес и случај.

Очигледно целиот процес околу концесијата на Тополки има многу сомнежи кои вредат и заслужуваат да се истражат и ние ќе ги следиме целите процеси на истраги и истрагите и секаде каде што треба ќе нотираме како што веќе рековме очекуваме дека и за овој процес да се отвори случај каде што ќе се дознае вистината како било влијаено да се продолжи рокот на изградба од 3 на 5 години, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања