Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Арсовски: По 30 години Охрид ризикува да биде избришан од УНЕСКО, поради бизнис и политичките интереси Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimsa-unesko

Владата на СДСМ, како на локално така и на централно ниво покажува целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид. После триесет години откако Охрид беше ставен на листата на УНЕСКО како заштитено подрачје, ризикува да биде избришан поради бизнис и политичките интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ. Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка, а тоа не го гледаат само Охриѓани, тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, но како што можете да зебележите и светската експертска јавност од УНЕСКО, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку месеци Зоран Заев манипулираше со граѓаните на Охрид  околу изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината Џамија која е споменик на културата. Оваа изградба која се врши спротивно на прописите го загрозува овој објект кој повторуваме е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако експертите и граѓаните цело време алармираат.

— реклама —

Да потсетиме и за случајот со хотелот во Лагадин за кој Заев лично се заложи да биде изграден иако истиот прекршува 12 закони и се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото што директно го загрозува овој природен заштитен појас, кој меѓу другото е и еден од условите Охрид да биде на листата на УНЕСКО.

— реклама —

Сличен случаи се и самоволието кој владее во градот во старото јадро на градот, кај што во старата охридска чаршија непосредно до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само заради партиските интереси на власта односно само заради тоа што има претходен договор актуелниот градоначалник на Охрид. Патем во овој случај биле нападнати и две инспекторки од Управата за заштита на културно наследство како и медиумска екипа која што известувала за случајот и нормално за тоа никој ниту се извини, ниту понесе одговорност.

— реклама —

Во сите овие случаи гледаме дека власта молчи и замижува пред уништувањето на природното и културното наследство во Охрид поради кое градот е ставен на листата на УНЕСКО за заштитени подрачја. Не само што Заев молчи за овие скандалозни случаи и уште десетици други кои ги има, туку и ги охрабрува и самиот ги стимулира да продолжат понатаму. Заради тоа заклучокот е повеќе од јасен, опасноста од бришењето на Охрид од листата на УНЕСКО е поради вината на Заев, негрижата на надлежните институции и непревземањето на соодветни мерки кои што беа препорачани од страна на УНЕСКО.

Тоа на кое сите ние се гордееме, Заев го уништи само заради бизнис и партиските интереси, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања