Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Арсовски посочи нови сомнителни случаи на корупција од страна на актуелните функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
arsovski-pred-antikorupcika

Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните функционери на Владата на СДСМ. Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во Владата на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење на грантови пред точно 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на граѓаните.

— реклама —

Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како беа првично доделени грантови на фирмата КАСТ ИНВЕСТ во која што еден од сопствениците е и Вицепремиерот Кочо Анѓушев која што доби над 160.000 евра од Фондот за иновации?

Како печатницата „Гинис” од Прилеп чиј сопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации?

— реклама —

Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова која е советничка на Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ кои планирале да развиваат апликација?

Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци Горан Тодоров, да добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое вера за фирма  „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?

Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во Општина Богданци,  кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од на 1 милион денари.

Како беше можно баш фирмата „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми да добие грант од 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар?

Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои никогаш повеќе не беа споменати,односно беа само со една цел да се замаји и дефокусира јавноста па еве им простор на антикорупционерите ако се подготвени да ја спречат корупцијата да ги отворат овие случаеви и да ги сведат до самиот крај, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања