Промени тема
Контакт

Арсовски: СДСМ ги угнетува наставниците, тие не сакаат да ги решат нивните проблеми, само ги натрупуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimce17042022

Ова што се случува во моментот во Република Македонија, во образованието, и сите протести, на кои што наставниците го креваат гласот е резултат на угнетувањето на просветните работници, и нивната работа воопшто не е вреднувана, и затоа доаѓа до протестите организирани од СОНК, кажа Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при отворање на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ – „ Повисоки плати за просветните работници“ .

Тој даде и ретроспектива, дека и во периодот од 2002 до 2006 година, кога СДСМ биле на власт исто така условите за работа во образованието и платите на наставниците биле ниски, како што кажа, најниската плата била 3.600 денари, додека пак просечната била 7.500 денари, по што уследило зголемување на платите во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога е и триплирана платата на наставниците.

— реклама —
— реклама —

Во изминатиов период одат само надолу, и нивната несозреаност да ги решат проблемите во образованието резултира со тоа да нашите универзитети и образовните институции паднат многу ниско на светските ранг листи, кажа Арсовски.

— реклама —

СДСМ ги угнетува наставниците, и не сака да ги реши нивните проблеми, напротив, само ги проширува и натрупува, заклучи Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања