Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовски: СДСМ и Заев мора да сфатат дека на наставниците и професорите не треба да им ја потценуваат интелегенцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Arsovski-Dimce

Зоран Заев и СДСМ водат манипулативна политика кон професорите и наставниците од основните и средните училишта. Професорите и наставниците од основните и средните училишта се оштетени од политиките и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Замислете, покрај покачувањето од 10% и тоталното непочитувањето на колективниот договор од 2010 година за просветарите, СДСМ и Заев им кратат од платите секој месец на професорите и наставниците по 5.660 денари.

Во една година секој еден наставник земал плата 1100 евра помалку од тоа што му следува според колективниот договор.

Ги повикуваме СДСМ и Заев да почнат со исплаќање на платите според колективниот договор потпишан во 2010 година каде што платата ќе им изнесува според коефициентот на сложеност за пресметка на плата од 2,533, кој се множи со минималната плата и во тој случај платата ќе им изнесува 31.660 денари.

— реклама —

СДСМ и Заев мора да прекинат со манипулативниот популизам.

— реклама —

СДСМ и Заев мора да сфатат дека на наставниците и професорите не треба да им ја потценуваат интелегенцијата, бидејќи тие се столбот на општеството и ги учат нашите деца.

Веднаш по 12 април следува Обнова на Македонија. Ние не ветуваме популистички мерки, ние не ветуваме како Зоран Заев се само за да дојдеме на власт, ние само ќе работиме согласно Уставот и Законите. Законот вели дека треба да се почитува колективниот договор од 2010 година и така и ќе биде по 12 април, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања