Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Арсовски: СЈО беше формирано за да ги испита индициите од „бомбите“ и да ги преточи во судски процеси, доколу има докази за криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Arsovski-Dimce

Потпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски ги повика Јовески и Русковска да испитаат дали Заев или некој во СДСМ поседува уште снимки од периодот 2008-2015 година

— реклама —

„Најверојатно, тој или некој негов близок во редовите на СДСМ уште ги поседува снимките, што тие ги најавија како бомби, а се виде дека биле петарди. Имаше вчера и пратеникот Милошоски барање до Зоран Заев за јавно соочување, да ги соочат двајцата сите оние материјали што ги поседуваат во однос на снимени разговори итн. од укажувачи, јавно да ги соочат пред медиумите и граѓаните сами проценат што и како има во нив. За се останато подетални би ве упатил да се повикате на вчерашното излагање на пратеникот Милoшоски“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

На прашање да ја коментира содржината на снимките на кои се слуша гласот на Милошоски, Арсовски рече дека СЈО беше формирано за да ги испита индициите од тие „бомби“ и да ги преточи во судски процеси, доколу има докази за криминал.

— реклама —

Тој побара да интервенира Обвинителство, со оглед на тоа што, како што рече, Заев се уште поседува „бомби“.

„Би го повикал уште еднаш Љубомир Јовевски, кој е негов привезок, и Вилма Русковска, која работи под негова команда, уште веднаш да почнат случаи и да истражат дали се предадени сите ‘бомби’, колку не се предадени и каде и кој ги поседува во редовите на СДСМ или од околината на Зоран Заев“изјави Арсовски.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања