„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Арсовски: Што содржи нон-пејперот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Arsovski

Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ.

— реклама —

Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин.

Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста.

— реклама —

Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски додаде:

Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата?

Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?

Меѓународната политика на Заев и останатите кои ја водеа доживеа тотално фијаско.

Лажните ветувања и пазарџиското однесување, за жал класично несериозно и неопростливо однесување на Заев и СДСМ на меѓународен план, ги доведе Република Македонија и граѓаните до ќорсокак, од каде излезот е или асимилација и негација или недобивање на датум за преговори и блокада.

Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата.

За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат.

Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите, истакна Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања