Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовски : Венко Филипче молчи за скандалозниот тендер за стерилизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-6

Целата јавност виде како се фаворизираат и местат тендери во Владата на Република Македонија конкретно по втор пат во Министерството за здравство. За жал тендерот за стерилизација не е прв пример како јавно се местат тендери за компании по мерка на министрите, а за жал нема да биде ниту последен, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче после ваков јавен блам каде што целата држава знаеше кои луѓе и фирми од Албанија ќе го добијат тендерот за стерилизација во здравството треба уште веднаш да си поднесе оставка и не треба да ја чека метлата.

— реклама —

Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација.

— реклама —

Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Истиот тој Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

За фирмите поврзани со Илир Рапај кои вршат стерилизација во Албанија веќе се води истраги. Стерилизацијата во Албанија крахираше. Медиумите таму секојдневно пишуваат за лошото искуство со овој тип на стерилизација, а конкретно за лошото искуство со фирмите и со бизнисменот Илир Рапај.

— реклама —

Монопол за стерилизацијата не смее да има во Република Македонија. Граѓаните највеќе ќе страдаат и сето ова ќе оди на нивен грб и нивна штета. Затоа, Венко Филипче уште веднаш да си даде оставка и да ги тргне криминалните раце од здравството, истакна истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања