Промени тема
Контакт

Арсовски: Власта јавно да го обелодени договорот со Бугарија и дали спрема национално предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Arsovski-10.04

Бујар Османи вчера кажа дека помеѓу Бугарија и Македонија има документ кој е основа за договор меѓу двете држави кој што македонската страна го прифаќа и еве јавно во името на граѓаните на државата, во името на интересот на сите, повикуваме да го обелоденат тој таен документ и да кажат јавно што содржи, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција

Арсовски прашува дали владата на Димитар Ковачевски оди по стапките на претходникот Заев и се откажала од идентитетските обележја, историјата и јазикот?

— реклама —

- За ова треба да дадат одговор денес, а не да молчат и да кријат цело време Зошто тој документ е таен и што има владата да сокрие од македонската јавност? Доколку се е како што велат во интерес на граѓаните зошто би го криеле, вели Арсовски.

— реклама —

Тој истакна дека криењето со право отвора сомнежи дека се спрема ново предавство.

— реклама —

- Тоа нас ни дава право и како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните да се сомневаме дека се подготвува ново предавство на штета на националните и државните интереси и тоа за нас потенцираме дека е неприфатливо и ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати таков штетен договор, нагласи Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања