Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Арсовски: Втор ден Заев молчи и не кажува дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со секторот за кој што му е советник на премиерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimsa-1

Втор ден Зоран Заев молчи и не и кажува на јавноста што го советува неговиот советник Андреј Манев за 40.000 денари месечен надомест?

Втор ден Зоран Заев молчи и не кажува на граѓаните дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со градежништвото и урбанизмот, практично секторот за кој што му е советник на актуелниот премиер Зоран Заев, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев треба да каже на граѓаните дали против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение?

— реклама —

Зоран Заев треба исто така да каже дали неговиот советник и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?

— реклама —

Почитувани граѓани,

Да го советуваат Заев експерти, Владата и државата ќе цвета, ама затоа што го советуваат криминалци, затоа и е таква оваа Влада на СДСМ. Обично народот вели со кој си таков си, а Заев околу него е опкружен со советници со сомнителен криминал.

Да потсетиме дека сопругата на Манев е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори.

Зоран Заев е единствениот премиер кој има советници кои што се гонети кривично и нема намера да ги смени, а ги плаќа со народни пари. Народните пари се плаќаат на сомнителни советници на Заев и Република Македонија се уште тоне, дали можеби се работи за некакви дилови со нив не знаеме и за истото треба Зоран Заев да каже.

Оваа Влада на СДСМ треба што побрзо да си одат и да ја ослободат државата од овој криминален кошмар, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања