Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Арсовски: За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimsa-IZJAVA-1410-2

Поразите за македонскиот народ и за државата немаат крај.  Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија и граѓаните за нови 53.6 милиони евра. Ова е трето задолжување на Нина Ангеловска откако е министер во последните 45 дена, а воедно како што знаете и вие не е реализиран ниту пак отпочнат ниту еден посериозен проект, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра.

— реклама —

До август до моментот додека дојде Нина Ангеловска за министер, во министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции беше ниски 28.16%. До моментов веруваме дека не е нешто драстично променета состојбата на реализацијата на капиталните инвестиции.

— реклама —

Почитувани,

— реклама —

Ова е најнеспособната Влада која единствено се задолжува и не реализира ниту еден единствен проект. И оние проекти кои што ги отвораат се останати до претходната влада. Нина Ангеловска е само извршител на лакомите и недомаќински политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев.

Проекциите за реализацијата на капиталните инвестиции и БДП за оваа година ниту ќе се исполнат, ниту пак ќе бидат на задоволително ниво, како и се останато во моментот што е во државава.

Економијата оди во погрешен правец. Граѓаните најдобро го чувствуваат тоа. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Оние кои што можат се снаоѓаат и се иселуваат.          Доволен показател дека економијата оди во погрешна насока е и долгот на ДДВ на фирмите на фамилијата Заеви. Потребна е коренита обнова на Македонија и истата ќе се случи веднаш откако ќе падне оваа неспособна Влада на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања