Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовски: Заев и Пендаровски, полнењето кутии е она што најдобро го прават и најдобро го знаат кога немаат поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Capture-6

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја изгубија поддршката од граѓаните. Полнењето кутии е она што најдобро го прават и најдобро го знаат кога немаат поддршка. Вчера поднесовме кривична пријава против 10 лица за нерегуларности, односно полнење кутии на избирачко место 0816 во Зајас, каде што според извештајот на ДИК во периодот од 15 до 17 часот во првиот круг вкупно гласале 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот, исткна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Ова е доказ дека се полнети кутии на ова избирачко место и тоа на секои 24 секунди по 1 гласачко ливче ставано во гласачка кутија. Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија.

За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик, Јавното обвинителство молчи или можеби Заев обвинителите ги пуштил да одмараат по дома додека трае кампањата за да може да прави што сака.

— реклама —

Одговорност треба да сносат сите. И оние што го извршиле ова, и оние што го овозможиле ова, но најважно, оние кои што го наредиле да се реализира ова.

Ова е начин кој му е веќе проверен на Зоран Заев уште од референдумот. Но и тогаш и сега и со полнење кутии не може да ја изигра волјата на граѓаните никој.

Да потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште пред половина година поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај за основано сомнение дека референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени, но и заради грубо полнење на кутии како и сега.

Тогаш верувале или не се гласаше на секои 4 секунди во одредени избирачки места.

И тогаш и сега, Јавното обвинителство не презема ништо. СДСМ забораваат, а ние уште еднаш да ги потсетиме. По промената на власта сите ќе одговараат без разлика кога го сториле кривичното дело. Ќе одговараат и за полнењето кутии на Претседателските избори и за полнењето кутии на референдумот. Затоа, не се обидувајте да ја изиграте волјата на граѓаните, тогаш Јавното обвинителство ќе биде ослободено од канџите на Заев и тогаш ќе го нема Заев да ве лаже дека ве штити преку обвинителството.

Граѓаните веќе јасно одбраа, иден Претседател е Гордана Сиљановска Давкова, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања