Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimsa-PRESS-1309-2

Во овој момент, додека се држи оваа прес конференција се случува еден од најголемите скандали во историјата на македонското правосудство. По рецептот на Владите на СДСМ од 90-тите години, кога се избираа по 500 судии во еден ден, актуелниот конкурс за избор на кандидати за судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители е под директна контрола на двоецот Заев - Рашковски. Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Со доаѓањето на власт на Владата на СДСМ електронското полагање на испити е префрлено во просториите на Правниот факултет во Скопје, каде што во овој момент полагаат потенцијалните кандидати за судии и јавни обвинители. Истиот тој факултет е поранешното работно место на генералниот секретар на владата. Фирмата која го спроведува ова полагање е поврзана со двоецот од владата Заев - Рашковски. Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Заев - Рашковски преку системитизирана методологија влијае врз електронските резултати на кандидатите, а во текот на вчерашниот ден неколку лица директно поврзани со Заев, Рашковски и СДСМ оствариле нетипично високи резултати. Толку високи резултати досега не се постигнати откако постои Академијата.

— реклама —

Затоа го повикуваме Рашковски, го повикуваме и Заев да одговорат, а конкретно Рашковски дали бил и што правел на Правниот факултет, во текот на неговото работно време во Владата, токму во моментот кога полагале кандидатите блиски до него и СДСМ?

— реклама —

Министерката за правда, Рената Дескоска треба веднаш да одговори дали е свесна што се случува во нејзиниот ресор? Дали е свесна дека една од ретките светли точки на македонското правосудство пред Европските институции има селективен процес воден од кадровската Комисија на СДСМ? Дали е свесна министерката Дескоска за се погласните информации за земено мито за обезбедување на високи резултати од страна на двоецот Заев - Рашковски?

— реклама —

Бараме итна реакција од јавното обвинителство, кое по допрен глас треба уште веднаш да изврши електронска форензика и да испита како се постигнати историски високи резултати на тестовите од лицата кои се директно поврзани со двоецот Заев - Рашковски и со СДСМ.

Русковска обвинителството и Кацарска судството добиваат свое продолжение, и тоа со директна вмешаност на познатиот двоец Заев - Рашковски, и затоа одговорност мора да има за ова, и мора да има час поскоро! А, обвинителството да си ја заврши својата работа во врска со овој скандал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања