Арсовски: Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски, ги укинува катедрите по македонски јазик и македонска книжевност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Arsovski-05.03.2021

Пробните балони на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, се тоа кое што Зоран Заев всушност го договара со соседна Бугарија. Заев планира и спроведува демакедонизација на се што е македонско во Република Македонија. Едноставно, обезличување на идентитетот, јазикот, историјата, народот, нацијата, државата и се она кое што не прави горди Македонци, иистакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Арсовски додаде:

— реклама —

Документот објавен во медиумите од филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ги потврди тврдењата на Претседателот на МАНУ, господин Коцарев и професорката Котеска, дека Зоран Заев на најдрзок и најбезобразен начин преку своите инсталации сака да ги укине македонските катедри за македонска книжевност и македонски јазик.

Со ова Зоран Заев сака да го обезличи и осакати македонскиот народ, укинувајќи му ги катедрите по македонски јазик и македонска книжевност.

Намерата да се укинат катедри за македонски јазик и книжевност значи целосна капитулација на државата и народот, со што директно остава простор да се избрише македонскиот јазик од официјален јазик.

Ова значи целосна демакедонизација на македонскиот народ и држава, во насока на изјавите на Бучковски и Георгиевски кои пак се аминувани од Заев дека немаме сопствена историја и јазикот ни е вештачки, што е спротивно на реалноста.

Лудилото на власта и Заев е веќе повеќе од очигледно, а ние ја повикуваме јавноста будно да ги следи делувањата и изјавите на оваа тројка Заев, Бучковски, Георгиевски, и секогаш кога ќе има опасност за идентитетските прашања заедно со нас бурно да реагира.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања