Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Арсовски: Жариштето на епидемијата од непотизам го запали црвениот аларм и во Македонски Брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
arsovski-za-mak-brod

Да потсетиме дека братот пратеничката на СДСМ Анета Димовска Симеска од позиција стоматолог во приватна здравствена ординација е именуван за директор на здравствениот дом. Но тоа не е се’, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Имено братот на Анета Димовска Симеска кој е и директор на здравствениот дом во Македонски Брод Жарко Симевски распишал оглас за вработување. Дали е точно дека на тој оглас сам себе се пријавил и се вработил, па за да биде иронијата уште поголема добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станува концесионер на просториите на истиот здравствен дом кај што тој самиот е директор.

Ова е истовремено и непотизам но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на еден директор во случајов Жарко Симевски. Во Брод ова не е единствен случај. Непотизам има во случаите и со вработувањата на синот и внукот на градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјановски кои се вработиле во Македонски шуми каде што директор е Слободан Вељановски од редовите на СДСМ. Во истото претпријатие се вработил и синот на директорот на претпријатието Бојан Вељановски, како и братот на командирот на полициската станица и синот на бившиот пратеник на СДСМ од Македонски Брод, Борче Ангелкоски. Иако има одлука на трудов инспекторат за ваквите вработувања едека се незаконски, сепак тие повторно се на работа.

— реклама —

Зарем во општина како Македонски Брод кај што има огромен број на млади луѓе кои немаат работа и си заминуваат од градот, токму децата и блиските на функционерите од СДСМ да бидат вработени на огласи. Животот очигледно дојде само за нив.

Епидемијата од непотизам не престанува и покрај лажното морализирање на власта. Лекот е изборен пораз на власта кој ќе го демонтира деспотот Заев од оваа власт, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање од новинар – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Пред два часа прес конференција одржа портпаролот на СДСМ при што рече дека од морални и етички причини лицата блиските од функционери на власта поднеле оставка меѓутоа тоа го очекува и од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои што во негово време вработувал во АД ЕЛЕМ?

Одговор на Димче Арсовски: Видете смешни се сите оние обиди да се дефокусира од темата каде што луѓе кои што се две години на власт во државава од редовите на СДСМ си ги вработуваат своите роднини. Со последниве случувања сакаат да не убедат дека ВМРО-ДПМНЕ е во моментов на власт и ВМРО-ДПМНЕ во моментов ги вработува синот на Мира Стојчевска и сите останати роднини така да сите обвинувања со кој што пробуваат да дефокусираат се премногу смешни. Треба да си ја сносат и моралната но и секоја останата одговорност за сите овие работи бидејќи како што гледате денеска и во пресот наведов и во многу други случаеви наназад. Има полни раце работа можеби и за обвинителството и за антикорупциската каде што на незаконски начин се вработувани луѓе. Така и денеска во случајот со вработувањето во шумското, така да сите оние обиди за дефокус се и повеќе од смешни и не можат да ја убедат јавноста дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ ги вработува сите овие луѓе од СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања