Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовски: Зоран Заев да не прави дополнителни штети и да не излегува надвор од законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimsa-PRESS-1111-2

Зоран Заев е Претседател на Владата на Република Македонија, а не претседател на невладина организација, иако во моментов е во заминување од позицијата премиер, така да после тоа ќе може по изборите со што сака да се занимава. Кога Зоран Заев остварува средби, граѓаните имаат право да знаат за што се среќава и за што разговара особено после скандалозните контакти со познатиот Биг Мајк или пранкерите од Украина, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Арсовски запраша што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос?

— реклама —

-Образложението на Владата дека разговарале за малиот шенген со Србија и Албанија е несериозно. Дали тоа значи дека Александар Сорос е нов советник на Зоран Заев? Името на Џорџ Сорос се поврзува со бројни афери, матни зделки, изигрување на демократијата во одредени земји. Зоран Заев очигледно е дека преку своите конекции повторно сака да креира атмосфера пред изборите и за време на кампањата каде ќе може полесно да се обиде да ја украде волјата на граѓаните и сега за тоа ја бара поддршката од неговите сомнителни партнери кои вложија милиони за да го инсталираат на власт, потенцираше Арсовски кој подвлече:

„Предупредуваме, Зоран Заев да не прави дополнителни штети и да не излегува надвор од законот, затоа што одговорност ќе има после 12-ти април за се што сторил. Изигрувањето на законите и изигрувањето на волјата на граѓаните овој пат ќе го чини скапо и нема да може да се случи.“

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања