Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Арсовски: Зоран Заев под превезот на таканаречени брзи избори сакаше да го изигра законот и да не го испочитува Пржинскиот договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Capture-6

На 3 јануари му завршува криминално-политичката кариера на Зоран Заев.  Зоран Заев паѓа од власт и тоа е реалност, исто како што вртоглаво и паѓаат рејтинзите на анкетите на Заев и СДСМ.  Зоран Заев е очаен и тоа не може да го сокрие од целата јавност. Зоран Заев е детронизиран човек, човек кој не може да ги сокрие омразата и очајот и продолжува со навреди и лаги. Дојден му е крајот, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Никој, ама баш никој не им е крив на Заев и СДСМ за неуспехот и што рекетираа, што крадеа, што малтретираа, што лажеа, што нанесуваа неправди, што ветуваа – а не можат да остварат. Ниту граѓаните кои бараат чесност, визија и посветеност, ниту ЕУ лидерите кои бараат реформи и сериозност, ниту ВМРО-ДПМНЕ која целиот период наназад укажуваше за целиот криминал и погрешниот пат кој го оди Заев и власта.

— реклама —

Свесен за очајната ситуација во која се наоѓа Заев, избезумен што му дојде крајот на неговите лаги, бараше избори на 27 декември во петок, нарекувајќи ги брзи избори.

— реклама —

Зоран Заев под превезот на таканаречени брзи избори сакаше да го изигра законот и да не го испочитува Пржинскиот договор, односно да ги скрати роковите. Предложено беше веднаш да се распушти Собранието и да се оди на првиот датум за избори согласно 100 дена Пржинска влада, но и тоа го одби Зоран Заев.

— реклама —

Единствената причина за избори без техничка влада односно со скратени рокови беше причината да ја украдат волјата на граѓаните исто како што го направија тоа и минатите со нерегуларности за кои се поднесени кривични пријави, а се уште нема никаков исход од обвинителството. Но и тоа ќе биде предмет на ревизија и некој ќе сноси одговорност откако ќе се смени власта.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ принципиелно и согласно законите издејствува предвремени парламентарни избори согласно Пржинска Влада, каде што Зоран Заев од 3 јануари оди во историјата. Не смее никој повеќе да си игра со волјата на граѓаните, затоа што ова е шанса за иднината на граѓаните и на државата.

Не чека многу работа, сите заедно, да ставиме крај на ова зло што ни се случуваше изминатите 2 години.

Не чека многу посветеност и многу влог да ги залечиме раните од владеењето на најнеуспешниот и најлажливиот премиер во историјата Зоран Заев и владеењето на најнедржавничката партија СДСМ.

Не чека Обнова на Македонија и таа ќе се случи после 12 април од страна на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија. Имаме тим, имаме план и визија, имаме програма.

Знаеме како ќе го реализираме тоа и сите заедно ќе успееме, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања