Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Артан Груби го компромитира цел процес со надзорот на Коридорите 8 и 10д, ЈО да отвори случај, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

Артан Груби и владата го компромитираат целиот процес со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д. ИРД Инжинеринг, која треба да го врши надзорот, преговарала и со изведувачот и го составила договорот, кој владата го потпиша, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Конзорциумот воден од ИРД е во состав на фирми со сомнителна позадина. Фирмата ЕПТИСА, која е дел од истиот е фирма која веќе имала забрана од страна на владата за учество на големи проекти од над 1 милион евра, за потоа магично да се смени и Министерството за транспорт да и даде лиценца за надзор.

— реклама —

Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор.

Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали е исто така дел од Конзорциумот на ИРД.

— реклама —

Сомнежите за нерегуларности го следат целиот процес, од почетокот, па се до промената на условите за учество на јавниот повик, кои кога се гледаат објективно индицираат дека одат во корист на Конзорциумот на ИРД.

— реклама —

ЈО не смее да остане немо на сиот сомнеж за корупција и мора да отвори случај“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања