Зборувајќи за законите кои во Собранието се протнуваат со европско знаменце, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Само интервју“ го нападна вицепремиерот Артан Груби. Го нарече „ученик на Сашо Мијалков“, додека зборуваше за игрите на среќа.
„Измените на Кривичниот законик ја покажаа бруталноста на власта. Да потсетам дека власта имаше два претходни обиди за злоупотреба на европското знаменце. Од едниот се откажаа, од другиот не се откажуваат. Пробаа законот за медицинска марихуана да го поминат со европско знаменце во корист на фамилијата Заеви, па се повлекоа од таа работа. Вториот законот кој нема никаква со ЕУ, е Законот за игри на среќа – кој е исто со европско знаменце и го туркаат во моментов во Собрание со цел да се задоволат бизнис интересите на Артан Груби, кој што е еден одличен познавач на игрите на среќа, го гледав кај вас (Канал 5). Мислам дека наместо докторат по новинарство, да има докторат по игри на среќа да запише. Слушам дека учител му бил професор доктор Сашо Мијалков. Така што, мислам дека е добар ученик во однос на игрите на среќа“, кажа Николоски.
Тој додаде дека како опозициски пратеници презеле се што можеле да спречат штетни закони да поминат во Собрание.