Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Архиепискот г.г. Стефан ја тргна именката Македонија од неговите посланија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gg-Stefan

Обраќањето на верниците на поглаварот на МПЦ - ОА, г.г. Стефан по повод верскиот празник Божик помина без во него ни еднаш да се спомне именката Македонија или било кое друго име кое произлегува од оваа именка, па дури ни името на „Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија“, црквата каде тој е Архиепископ.

Ова е вторпат по ред г.г. Стефан чија титула сеуште гласи „Архиепископ Охридски и Македонски“ да не го спомни воопшто името Македонија во свое послание, од како истото тоа го направи и на Велигден 2019 година.

— реклама —

Претходно, во годините на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски и кога црквата беше силно поврзана со властите, со години јавноста ја гледаше блискоста меѓу МПЦ-ОА и Владата, како и блискоста на Груевски и Архиепископот, посланијата изобилуваа со верски и патриотски пораки, кои неретко допираа и во дневната политика.

Денешното послание има само духовни пораки поврзани со човекољубието, љубовта, Бог и одредени црковни јубилеи.

— реклама —

ТЕКСТОТ ОД ПОСЛАНИЕТО ДО ВЕРНИЦИТЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ СО КЛИК  Т У К А.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања