Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Aрхитектите, градежниците, статичарите ја демантираа Арсовска дека проектот Универзална сала е по сите стандарди, вели Шутаров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2022-02-26-123633

Стручната јавност, архитектите, градежниците, статичарите ја демантираа Данела Арсовска и потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е по сите стандарди и е целосно безбеден, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

„Со ова паднаа во вода сите оправдувањата на Арсовска за стопирање на овој важен проект за скопјани, за културата во главниот град, но и за целата држава.

Се расчисти маглата со која Арсовска се обидуваше да ја покрие сопствената незаинтересираност да го продолжи и да го заврши овој проект.

Нема веќе простор за оправдувањата околу неработата и прекинувањето на овој проект.

— реклама —

Арсовска треба да им се извини на граѓаните и веднаш, без одлагање да продолжи со реализација на реконстрикцијата на Универзална сала.

Универзална сала е симболот и душата на Скопје, и не треба да биде предмет на политиканство и реваншизам, бидејќи граѓаните знаат и ценат кој работи во нивен интерес.

— реклама —

За овој проект Владата предводена од СДСМ одвои 2 милиони евра, и проектот е започнат со реализија.

Неколку месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешен градоначалник на Градот Скопје

— реклама —

Скопје и неговите граѓани не заслужуваат ваква незаинтересираност и однос од страна на новата градска администрација.

Уште еднаш апелираме како советничка група во Градот Скопје, да се препознае развојната компонента во сите до сега стопирани проекти од страна на новата градска администрација, истите да се продолжат бидејќи бенефитите ќе ги користат сите граѓани на Градот Скопје“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања