Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Асанж мора да плати половина милион долари лет до Австралија, ќе собираат донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
asanaz1

Стела Асанж, сопругата на основачот на Викиликс, Џулијан, во вторникот рече дека ќе побара помилување откако тој се согласи да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа, со што стави крај на долготрајната правна сага во Британија.

— реклама —

Асанж (52) ќе се изјасни за виновен на сослушувањето во Саипан на Северните Маријански Острови по една точка од обвинението за заговор за добивање и објавување доверливи документи за одбрана на САД и се очекува да биде осуден на 62 месеци затвор, која веќе ја одлежа.

— реклама —

Потоа ќе може да се врати дома во Австралија. Стела Асанж, адвокатка која работи за неговата кампања речиси од почетокот на неговата правна битка, рече дека е среќна поради тоа, но и лута што тој толку долго бил во затвор.

Тие се венчаа додека тој беше во затворот Белмарш во Лондон и имаа две деца додека тој се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон. Таа рече дека ќе побара помилување бидејќи признавањето на вината за шпионажа е „многу сериозна причина за загриженост“ за новинарите ширум светот.

— реклама —

Договорот го означува крајот на правната сага во која Асанж помина повеќе од пет години во британски затвор и седум во еквадорската амбасада во Лондон, откако Викиликс објави доверливи американски документи, најголемиот скандал од ваков вид во историјата на американската војска.

— реклама —

Асанж ќе треба да плати чартер лет до Саипан, а потоа и до Австралија, што ќе го чини половина милион долари, па ќе започне кампања за собирање средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-01-110837

(Видео) „Денес не сум слободен затоа што системот функционираше, туку затоа што се изјаснив за виновен“, рече Асанж

Свет | пред 1 година

— реклама —
asanaz3

(Видео) Асанж пристигна во Австралија, погледнете како изгледаше дочекот: Најемотивната средба со сопругата

Свет | пред 2 години

asanz

Асанж ослободен од британски затвор по 5 години: Се согласи да се изјасни за виновен во замена за слобода

Свет | пред 2 години

asanaz2

(Фото) Вака денес изгледа Џулијан Асанж: Основачот на „Викиликс“ ја напушти Велика Британија и пристигнува во САД

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања