Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

АСМЛ: Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sestra

Срамота е тоа што некои лекари се оставени без одмор во пандемија што трае над 1 година а тие се први на удар, додека други се позаслужни граѓани. Срамота е што лекари дежураат без пари во сред пандемија, што немаат здравствено и социјално осигурување а пратениците си земаат плата и надоместоци и не одат да изгласаат промена на таквата состојба, стои во објавата на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

— реклама —

Тие во истата додаваат:

Срамота е што лекари акумулираат функции и што молчат за неправдата кон лекарите.

— реклама —

Срамота е што нашата Лекарска Комора не ги заштити матичните лекари. Дури ниту се заложи за нивна заштитна опрема.

Срамота е што колеги работат против колеги, а уште посрамота е што работат и против медицината базирана на докази и никој не сносува одговорност.

Срамота е што немаме вакцини, ниту јасни протоколи, што нема клексани, што се трошат антибиотици како слатки.

Срамота е што во 30 години независност немаме Клинички центар и централизирана терциерна заштита и едукација.

Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите.

извор: Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања