Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

АСОМ до пратениците: Кажете „нe“ на неевропскиот и неуставен закон за игри на среќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Асоцијацијата на спортските обложувачници на Македонија  АСОМ и Асоцијацијата на приредувачите на игри на среќа во автомат-клубови и казина – АПИС, во придружба на некои од своите вработени пред Собранието испратија порака до пратениците од Комисијата за европски прашања да го отфрлат предлог-законот за игри на среќа, кој ќе значи крај за легалната индустрија на игри на среќа и ќе им отвори широко врата на сивата економија и криминалот.


— реклама —

„Овој закон не е ништо друго, освен директна интервенција на државата, со која повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Секој еден од овие луѓе, кои ни се придружија денес, директно ќе бидат погодени со губење на работното место ако се донесе овој неевропски, неуставен и монополски закон. Луѓето плаќаат кредити, многумина од нив се родители, кои ја планираат иднината на своите деца, сите тие се луѓе што ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза“, истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.


Двете асоцијации апелираа до пратениците и до Владата да ги сфатат многу сериозно и потенцираа дека апсолутно се неприфатливи предлог-измените, кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.

— реклама —

„Покрај тоа што законот е направен со цел уништување на легалната индустрија, тој е подготвен исклучително непрофесионално, со низа небулози спротивни на пазарната логика. Тоа е така затоа што со години Владата и сите институции воопшто не се консултираат со нас како легитимни претставници на 95 % од лиценцираните компании во државата. Далеку од очите на јавноста, далеку од експертите и познавачите, Владата си скроила апсурден закон, кој не смее и нема да помине“, потенцира Илијевски.


АСОМ и АПИС посочија дека новите предлог-измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи Владата ќе ликвидира легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра. Тие истакнаа дека од нивен интерес е играчите да се заштитени и едуцирани, а легислативата да се европеизира.


„Одговорно тврдиме дека ова што Владата го прави е спротивно на тоа. Ќе се отвори нелегална игра и ќе се донесат играчите во голем ризик, а криминалот и сивата економија ќе се зголемат. Ова ќе бидат ефектите од новиот закон за игри на среќа“, нагласи Илијевски.

— реклама —

АСОМ и АПИС апелираа и до ЕУ и нивните претставници во државата да ја спречат злоупотребата на европското знаменце, која стана секојдневна пракса во државата.


„Како ние ќе верувам во Европската Унија и во правдата што таа ја носи кога во нејзино име се злоупотребуваат законите за ништење цела индустрија за сметка на интересите на поединци?“, прашаа асоцијациите.


АСОМ и АПИС денешниот собир го нарекоа показна вежба за тоа што ќе се случува доколку се продолжи насила и без консултации да се носи овој закон.

— реклама —

„Нема сила што ќе нѐ спречи да ја бараме правдата до крај, на улиците и во институциите, сѐ до конечна победа на правдата, која е на наша страна. Бараме итно повлекување на законот, бараме формирање заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење нов европски и функционален закон. Зошто се кријат и бегаат од вакво демократско носење закони ако се чесни во намерите?“, прашаа од АСОМ.


Од АСОМ посочија дека додека под маса со европско знаменце и без дебата се носи овој катастрофален закон, Владата паралелно распишува незаконски огласи за 3 нови приредувачи на игри на среќа на интернет со улови срочени за странски компании посочувајќи дека тоа е нечесно, подмолно и лицемерно.


„Додека, од една страна, се носи закон за затворање на индустријата и уништување на домшните лиценцирани компании, Владата ќе се ортачи со странски компании, кои ќе имаат по еден или два вработени тука и на големо ќе ги промовира игрите на среќа на интернет. Има ли поголемо лицемерство од ова? Освен бизнис-логика, друга логика во овој потег не може да се види. И токму затоа јасно кажуваме – ова нема да помине“, истакнаа од АСОМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања