„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

АСОМ: Одлуката и условите за онлајн обложување сеуште се во процес на договрање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
internet-oblozuvanje

По информациите кои се појавија во неколку медиуми, дека со уредба на Влада се овозможува онлјан обложување кое би требало да го замени традиционалното, Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија ја информира јавноста дека очигледно станува збор за грешна интерперетација на изјавите на надлежните од страна на дел од медиумите. Игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега. Истите се јасно регулирани со закон и дозволи за работа, а во индустријата остануваат вработени околу 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. Во изминатиот период Министерството за финансии ја разгледуваше можноста за дополнително организирање на онлајн обложување и игри на среќа, процес кој е започнат одамна.

— реклама —

Онлајн обложување веќе се организира, но само од страна на Државната Лотарија, а сега се разгледува можноста истото да биде организно и од страна на другите приредувачи на игри на среќа. АСОМ веќе го искомуницира својот став со Министерството за фиансии во однос на ова прашање и ја поздравува идејата. Сепак, одлуката и условите за онлајн обложување сеуште се во процес на договрање. Доколку уредбата биде прифатлива за сите засегнати страни, истата ќе овозможи и Република Северна Македонија како сите земји во регионот да имаат вака организирана игра, дополнителни приходи во буџетот и подобри услови за играчите.

Според проценките на нашата организација, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа. Прифатливо законско решение за онлајн обложување би ги насочило овие средства кон домашниот буџет.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања