Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
naumce-mojsovski-pres-sdsm-696x432-1

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.

— реклама —

Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари.

— реклама —

Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа.

— реклама —

Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања