„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Астеруд: Џафери, го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
karolina-ristova-asterud

Професорката на Правниот факултет “Јустинијан” Први, Каролина Ристова-Астеруд, во коментар на Фејсбук, пишува дека претседателот на собранието Талат Џафери, го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.

— реклама —

-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.

Инаку Ристова-Астеруд беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања