„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Атентаторот на Кирк му испратил порака, истражителите ја пронајдоа пушката и куршумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-09-11-084643

Истражителите ја пронајдоа пушката за која се верува дека била користена во убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, како и муниција со врежани натписи поврзани со трансродовата и антифашистичката идеологија, објавија американските медиуми.

— реклама —

Оружјето – постар модел ловџиска пушка – било откриено во шума во близина на Универзитетот во Јута, завиткано во крпа со чаура во цевката. Во пушката имало три неиспукани куршуми со гравури, но дел од првичните информации за содржината на пораките подоцна биле оспорени како погрешно протолкувани.

Според првичните сознанија, смртоносниот истрел бил испукан од покрив на зграда на околу 200 метри од местото каде што Кирк зборувал пред околу 3.000 луѓе во рамки на серијата дебати „Докажи ми дека грешам“. Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) не сакаше да коментира за деталите, нагласувајќи дека истрагата е во тек. Високи безбедносни извори предупредија дека дел од првичните извештаи може да бидат неточни и резултат на погрешни читања на доказите.

— реклама —

Последната порака на Кирк

Само неколку часа пред убиството, Кирк ја објави својата последна порака на платформата X. Тој повика на „политизирање“ на убиството на 23-годишната Украинка Ирина Заруцка во Северна Каролина, кое го нарече „едно од најстудените и најбесмислените“ што ги видел.

„Ако сакаме работите да се променат, 100 отсто треба да го политизираме бесмисленото убиство на Ирина Заруцка затоа што политиката дозволи дивјачко чудовиште со 14 криминални досиеја слободно да шета по улиците“, напиша Кирк.

Заруцка беше избодена до смрт на 22 август во воз од страна на 34-годишниот бездомник Декарлос Браун Џуниор, со долга историја на прекршоци и ментални болести. Безбедносните камери ја снимија сцената кога напаѓачот ја нападнал четири минути по нејзиното качување во возот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања