Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Атиџе и семејството ќе добијат домови, а екипата на „Медена земја“ државна награда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
honilend

ФБ Статус на премиерот Оливер Спасовски:

— реклама —

Донесовме одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“ Honeyland, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории.

Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, пет-члената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.

— реклама —

За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.

Владата ги презема патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот Атиџе Муратова на доделувањето на Оскарите.

https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.261906130653684/1477218462455772/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања