Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Атиџе: Во овие години не сакам да се мажам, не сакам само да бидам нечија слугинка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
atidze-1

Хероината на  „Медена земја“, Атиџе Муратова по Холивуд се врати на секојдневниот живот во селото Дорфулија. Сега се подготвува за прв пат во нејзиниот живот во ресторан да го прослави Денот на жената, заедно со внуката и со снаата, објави ммс.мк.

— реклама —

-Тоа е ден кога жените и мајките треба да се радуваат.  Јас досега не сум го славела „8 Март“, сега прв пат ќе одам во ресторан. Понекогаш сум добивала подароци. Блиските ќе ми донесат цвеке и убаво е чувството. А јас не сум имала можност на мајка ми да и купувам подароци. Само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува,вели Атиџе.

Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.

— реклама —

-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала.  Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи. Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи. Јас  со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење.  А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка.

Текстот во целост на: ММС.МК

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања