„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Атиџе за А1 ОН: Јас донации не барам, луѓето сами сакаат да донираат за куќата да се среди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
atidze-1

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, вели дека не бара донации, туку дека луѓето сами ѝ барале трансакциска сметка за да ѝ помогнат да ја среди куќата. Таа за „А1он“ вели дека и по „Оскарите“, живее ист живот, но со повеќе проблеми. Подготвена е да ја врати куќата, но да си го задржи мирот, а животот да го продолжи во Бекирлија, каде што се снимаше филмот. Атиџе вели: „Колку за живејачка имам“, објави А1ОН.

— реклама —

„Јас донации не барам. Луѓето сами сакаат да донираат за куќата да се среди. Јас живеам исто како пред филмот. Пари немам земено за снимањето на филмот, само куќата што ја имам. Сега имам повеќе проблеми. Немам мир и мислам ова ќе биде и полошо. Јас сега не знам кај ми е главата. Е, така човек може да загине, здравјето да го изгуби. Луѓето знаат дека куќата не е доправена. Сакаат да помогнат. Една – една соба, сакаат да ја направат. Многу сум напната. Еве им ја куќата, нека дојдат, нека ја земат, нека ја продадат. Не ми треба ни куќа. Како што живеам во Бекирлија, на ист начин живеам и тука“, вели Атиџе за „А1он“.

Текстот во целост на: А1ОН.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања