Возило со косовски регистерски ознаки било украдено вчера на булеварот „Партизански одреди“.
„Вчера во 18:15 часот во Секторот за внатрешни Скопје 50-годишниот Ш.З. од Косово пријавил дека на булеварот “Партизански Одреди“ непознат сторител извршил одземање на патничко моторно возило “Ауди“ со косовски национални ознаки.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.