Доктор од Здравствениот дом во Врбас физички нападнал медицинска сестра на работното место затоа што симнала икона од ѕид, јави РТС. Инцидентот се случил на крајот на минатата година, поточно на 7 декември, а за него се дознало дури сега откако на социјалните мрежи се појави аудио-снимка од настанот.
[embed]https://www.facebook.com/lovac.specijalac/videos/2347488791950619?sfns=mo[/embed]
Од Здравствениот дом потврдиле дека лекар специјалист по портска медицина физички нападнал медицинска сестра пред еден сведок и тоа во текот на работното време во амбулантата за спортска медицина. Надлежните отворија истрага на 17 декември кога сестрата поднела пријава против нејзиниот колега.
На објавената снимка се слуша како докторот вика: „Немој да ја симнуваш Света Петка. Ма марш. Можеш и ти да останеш без глава, што мислиш сега да ти ја удрам главата во ѕид, да ти излезе мозокот, ако ми пукне филмот“.
Сестрата Јелена, која сè уште е на боледување, вели дека снимката е автентична, но дека не знае кој ја направил.