(АУДИО) Објавена снимка за која се тврди дека се Рамиз Мерко и Муса Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-13-at-10.38.32

Снимка на која се слушаат гласови за кои објавувачот тврди дека се на поранешниот министер за правда Муса Џафери и актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна Ел Чека, кој веќе втора година тонски снимени материјали објавува од странство.

— реклама —

Според објаснувањето објавено над снимката, двајцата споменати договарале назначување на судии во струшкиот суд. Тој пишува: Но Рамиз вели дека треба да биде тајна да не се дознае дека тие ги назначиле, затоа што Албанците се секогаш виновни дури и кога не прават никакво кривично дело, бидејќи судиите се во рака на кланот од Зајаз со ко * пилат надолу и горе“.

— реклама —

Против Ел Чека има поднесено и обвинение за неовластено прислушување и тонско снимање во 2019 година.

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka“ објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори. Во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана. Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности“, се велеше тогаш во соопштението на Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања