Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Авганистанец осомничен за напад врз 11-годишно девојче во училиште во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryun09o5limbko85e6aUs

Авганистански мигрант е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал 11-годишно девојче во училиште за деца со посебни потреби во германскиот град Кобленц.

Според германските медиуми, нападот се случил на 28 април во училиштето „Ханс Цулигер“, кога девојчето накратко ја напуштило училницата за да оди во тоалет. Таму, како што тврди семејството, ја пресретнале двајца мажи, од кои едниот ѝ се заканувал со нож.

— реклама —

Адвокатот на семејството, Билал Чолак, изјави дека девојчето раскажало оти еден од напаѓачите ги соблекол панталоните за време на нападот.

Исплашеното девојче за настанот ѝ кажало на својата сестра неколку дена подоцна, по што семејството веднаш ја известило полицијата.

— реклама —

Осомничениот, 20-годишниот Насар С., е уапсен и од 5 мај се наоѓа во истражен затвор. Обвинителството во Кобленц соопшти дека се води истрага и за можен соучесник.

— реклама —

Ученици од училиштето изјавиле дека на денот на нападот забележале двајца постари мажи во дворот на училиштето. Родители од соседството тврдат дека осомничените им биле познати како проблематични лица и дека често ги вознемирувале младите девојки.

По инцидентот, училиштето формирало кризен тим во кој се вклучени раководството, психолози, социјални работници и полицијата.

Во меѓувреме, биле воведени дополнителни безбедносни мерки, меѓу кои видеодомофон и засилен надзор за време на одморите.

Според германскиот весник „Билд“, против уапсениот е поднесена уште една пријава за сомнение за сексуален деликт врз друго девојче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Изгореа три градежни возила на градилиште на германскиот „Рајнметал“

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryg7c7dj2cncod7LxHS4q

Училишен автобус со 20 деца излетал од кружен тек и се забил во ѕид од куќа во Германија

Свет | пред 19 часа

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Волк нападнал осумгодишно девојче во зоолошки парк во Германија, со хеликоптер било пренесено во болница

Свет | пред 1 ден

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања