Август, според астролошките толкувања, ќе биде особено поволен за три хороскопски знаци. За Овенот, Лавот и Вагата се најавува период исполнет со позитивни промени, успех и нови можности на љубовен и професионален план.
Овен
За припадниците на овој знак август носи внатрешен мир и емоционална рамнотежа. Астролозите предвидуваат подобрување на љубовниот живот – слободните Овни би можеле да запознаат личност со која ќе воспостават силна врска, додека оние што се во партнерски однос ќе ја зацврстат меѓусебната доверба.
Лав
Лавовите ги очекува период во кој работите ќе се одвиваат полесно од вообичаено. Можно е подобрување на финансиската состојба, како и нови можности за патувања и личен развој. Според астролошките прогнози, август им носи чувство на исполнетост и радост.
Вага
За Вагите, август е месец во кој би можеле да се реализираат долгоочекувани планови. На професионален план се очекуваат позитивни промени, поддршка од околината и поголема финансиска стабилност. Астролозите сметаат дека ова е период кога Вагите конечно ќе почувствуваат поголема сигурност и задоволство.