Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Авиокомпанија „Луфтханза“ поднесе тужба против еден патник, кој не се појавил на лет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Lufthansa

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ поднесе тужба против еден патник, кој не се појавил на лет за последната делница на патувањето. Патникот патувањето го резервирал и платил.

Како што јавува Си-ен-ен, станува збор за пракса која ја користат некои патници за билетот да го платат поевтино. Патниците кои преседнуваат на некоја локација не го продолжуваат патот до крајната дестинација бидејќи патувањето така им е поевтино.

— реклама —

Луфтанза сега го тужи патникот кој купил билети за повратен лет од Осло за Сиетл, со преседнување во Франкфурт. Патникот се појавил на сите летови, но не се појавил на повратниот лет од Франкфурт за Осло. Наместо тоа, букирал друг лет на Луфтханза од Франкфурт до Берлин.

Германската компанија од патникот бара 2.112 евра компензација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања