Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Авиони од Македонија ќе полетуваат кон Латвија двапати неделно, најавена нова авиолинија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„ТАВ аеродроми“ го најавува влегувањето нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, водечката авиокомпанија на Балтикот, латвиската авиокомпанија „Ер Балтик“, и воведувањето нова авиолинија од Меѓународниот аеродром „Скопје“ на релација Скопје – Рига – Скопје откога авиокомпанијата го најави распоредот на летови со сите нови линии за следната летна сезона во 2024 година.

— реклама —


Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Латвија, двапати неделно, од 3 мај 2024 до 30 септември 2024.


— реклама —

Новата сезонска авиолинија на „Ер Балтик“ од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие региони со огромна леснотија и удобност.


— реклама —

Претставниците на „ТАВ аеродроми“ се воодушевени за веста дека „Ер Балтик“ од следната летна сезона во 2024 година влегува на македонскиот авијациски пазар со воведување на новата авиолинија Скопје – Рига – Скопје бидејќи оваа новина ќе создаде зголемени можности за клиентите што патуваат преку Меѓународниот аеродром „Скопје“.


„Воведувањето нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на ‘Ер Балтик’ како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и Балканскиот Регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Ѝ честитаме на ‘Ер Балтик’ и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе Балтичкиот и Балканскиот Регион,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.


„’Ер Балтик’ и натаму е водечка авиокомпанија во регионот, а со воведувањето 11 нови линии следното лето, ќе ги зајакнеме нашата позиција и нашата амбиција да растеме подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот. При подготовките за следната сезона секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа драго ни е да ја прошириме понудата на ‘Ер Балтик’ следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион“, изјави Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на „Ер Балтик“.

— реклама —

Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб-страницата на „Ер Балтик“: www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања