Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Авионот со македонската фудбалска репрезентација принудно се вратил назад во Истанбул по само 20 минути лет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE
unsplash

Патувањето на македонската фудбалска репрезентација кон Скопје беше прекинато само дваесетина минути по полетувањето од Истанбул, кога авионот бил принуден да се врати назад поради технички проблем.

— реклама —

Македонската фудбалска репрезентација се враќаше од Истанбул, каде што синоќа го одигра пријателскиот натпревар против Турција.

Според првичните информации, чартер авионот со кој патувале фудбалерите и членовите на делегацијата бил принуден да се врати на аеродромот во Истанбул само дваесетина минути по полетувањето.

— реклама —

Неофицијално, причината за враќањето е технички проблем на леталото, поради што пилотите одлучиле, од безбедносни причини, да се вратат на аеродромот од каде што полетале.

— реклама —

Авионот требаше да пристигне на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 13:30 часот, но поради настанатата ситуација дојде до доцнење во патувањето.

Засега нема официјално соопштение од надлежните служби или од Фудбалската федерација на Македонија за причините и за понатамошните чекори, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

— реклама —

Според првичните сознанија, сите патници се безбедни и нема информации за повредени или други инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања