Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Авионска несреќа во Украина, товарен авион принудно слетал, најмалку 4 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
5

Трагедијата се случила на западот на Украина во близина на Лавов, при принудното слетување на товарен авион „Ан -12“ . Авионот принудно слетал далеку од аеродромот, при слетувањето загинале четири лица, спасувачките екипи се на терен во порага по преживеани. Најмалку пет лица загинаа при принудно слетување на украински товарен авион „Ан-12“ во близина на Лавов, западна Украина.

— реклама —

Авионот полетал од Виго во Шпанија за Истанбул и имал планирано слетување во Лавов, но морал принудно да слета затоа што останал без гориво, објави украинското Министерство за инфраструктура.

— реклама —

Авионот слетал во нискостеблеста шума помеѓу стадионот и гробиштата во Лвов на само 1,5 километри од аеродромот, кој поради несреќата е затворен.

Украинската служба за вонредни ситуации наведе дека во авионот имало осум луѓе, седум членови на екипажот и едно лице кое го придружувало товарот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања