Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

АВМУ: „1ТВ“ не ги почитува професионалните стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pecat-nasovna

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата „1ТВ“ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се вели дека телевизијата не ги почитувала професионалните стандарди, односно новинарот што го водел интервјуто, Сашо Ордановски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните.

„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на '1ТВ', првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на разни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“, стои во соопштението од АВМУ.

— реклама —

Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања