АВМУ: На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
avmu

Од како Владата соопшти дека министрите ќе одговараат само на прашња поставени од медиуми кои се дел од неформалниот список на „Советот за етика во меидуми“ , а попладнево Владата ги информира медиумите дека дозволи за снимање додека трае полицискиот час ќе им дава само на телевизиите се огласи „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ од каде апелираат државата да има еднаков третман кон сите медиуми.

— реклама —

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира, во услови кога е прогласена вонредна ситуација поради коронавирусот, на сите медиуми – електронски, печатени и онлајн медиуми – да им се обезбеди еднаков пристап за известување.

— реклама —

Имајќи ја предвид неопходноста граѓаните да бидат навремено, објективно и сестрано информирани за превенцијата од ширењето на коронавирусот и мерките коишто надлежните институции ги преземаат, институциите треба да вложат максимални напори во насока на што поинклузивно и потранспарентно работење. Во овој контекст, ја повикуваме Владата и државните органи да овозможат пристап на сите медиуми на своите прес-коференции и слични настани и одговорите на сите неодговорени прашања на конференцииите да бидат објавени на нивните веб страници.

— реклама —

Воедно, потенцираме дека сите медиуми, без исклучок, треба да известуваат професионално, одговорно и без сензационализам. Покрај ова, сите онлајн медиуми треба да имаат објавено импресум, име на авторот на текстот и податоци за сопственоста.

фоот: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања