„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Аврамовска Мадиќ: За една година МВР од заштитник на граѓаните стана партиски инструмент на ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Madic-Tribina-SDSM

Во време кога граѓаните очекуваат стабилност, безбедност и професионализам од институциите, Министерството за внатрешни работи e синоним за скандали, злоупотреби и партиска послушност, за една година наместо заштитник на граѓаните, МВР е претворено во партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Викторија Аврамовска Мадиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

— реклама —

На панелот посветен на правдата и безбедноста, односно на полтиките на владата на ВМРО ДПМНЕ за овие два клучни сектори, Аврамовска Мадич се осврна на истрагата за трагедијата во Кочани и потенцираше дека од страна на владата во ниту еден момент не се виде дека се преземаат мерки што ќе обезбедат безбедна и сеопфатна истрага, што ќе обезбедат инструмент за вакво масовно убиство никогаш повторно да не се повтори.

„Има ли поголем доказ за сервилноста кон партијата на полицијата од оној дека ниту еден полициски службеник не беше виновен за кобната ноќ, се додека протестите на граѓанската иницијатива од Кочани, семејствата и родителите на жртвите не го искажаа својот гневот на улица. Секојдневие ни стана СКАНДАЛ - МВР“, рече Аврамовска Мадиќ.

— реклама —

Говорејќи за неселективна правда и за односот на власта кон полициските службеници кои се во нејзина закрила кои наместо заштитници на граѓаните, се претворени во сервис на патијата, Аврамовска Мадиќ нагласи дека дека владата е мајка за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, но за сите други останати е маќеа.

„За какви заштитници зборуваме дали се полициски заштитници или полициски соучесници?Ќе зборуваме за бодигардот на премиерот дека тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје а министерот го заштити и го ослободи од одговорност. Зборуваме за заштитници кои бодигардот на премиерот беше фатен во скандал со 50.000 евра за издавање на службена тајна. Другиот бодигард на претседателот на Собранието не само што направи скандал на меѓународен аеродромот, туку тој истиот наместо нас да не заштити, тој полициски службеник ја нападна својата колешка полицајка“, рече Аврамовска Мадиќ.

При тоа таа посочи дека не може да се говори за професионализација на безбедносните инстутиции, кога власта ги партизира - Не може да говориме за професионализација на институциите кога првите најважни началници едниот на Биро за јавна безбедност кој наместо да се грижи за нашата безбедност е незаконски назначен, а другиот началник има фалсификуван документ сертификат.

Во своето обраќање Аврамовска Мадиќ предупреди дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, немаат сменето ниту еден закон, ниту правилник за да се справат со корупцијата, додека свесно ја враќаат државата во едно мрачно време на изолација и страв.

„Не верувавме дека е можно во 2025 година да ни се врати заробеното општество, заробениот ум. Секојдневно констатираме дека државата се врати назад, во времето на заробена и изолирана држава, без пријатели во регионот и светот. Безбедна држава е Европска држава. На каков пат беше Македонија. Членство на НАТО , СДСМ обезбеди само со 2 години владеење. Немаше непотизам, немаше селективност, имаше живот за сите. Сега, селективноста ја руши довербата во институциите и потврдува дека се уште живее духот на тефтерчињата“, рече Аврамовска Мадиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

Македонија | пред 4 часа

media-librarykcl7ldrfq3is5JcTUB5

Филипче: СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Македонија | пред 2 дена

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

СДСМ со остар став кон Мицкоски: Нема дијалог со криминалци, техничката влада мора да остане

Македонија | пред 2 дена

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

Партијата на Максим: Во СДСМ владее паника, членството масовно се прелева кон нашето движење

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања